Црн ден за Холандија: 154 лица загинаа во урнатиот авион

Од:

Меѓу 298 патници во несреќата со малезискиот авион, беа 154 државјани на Холандија, 27 Австралијци, 23 лица од Малезија, 11 од Индонезија, шест Британци, три Филипинци и еден од Канада, додека националноста на останатите 47 патници се уште не е позната, објави европската филијала на малезискиот авиопревозник.

Холандскиот премиер Марк Рут изјави дека четврток е „црн ден„ за Холандија, а падот на авионот веројатно е најлошата авионска несреќа во холандската историја.

-Овој преубав летен ден заврши на најлошиот можен начин-рече тој во своето обраќање на аеродромот Шипхол во Амстердам.

На сите владини згради во Холандија, знамињата ќе бидат на половина копје, поради смртта на 154 државјани на оваа држава.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Руските војници ја уништија работилницата на украинската армија за производство на беспилотни летала

Нова корупциска афера во Украина, осомничен е министер за земјоделство

Русите прават голем напредок во источна Украина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина