Еден од лидерите на сириската опозиција – Хејсам Мана се сретна денеска во Москва со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Средбата е обид на опозицијата да ја натера Москва да не биде толку цврста во поддршката за Башар Асад.
– Секогаш сме биле на ставот дека политичкото решение во Сирија минува преку Москва, истакна Мана, кој е координатор на Националниот координативен комитет на Сирија во странство.
– Во Сирија се води војна, но повеќето од Сиријците се убедени дека политичкото решение е посакувано и дека тоа ќе не спаси. Повеќето Сиријци сметаат дека има шанса за такво политичко решение, истакна опозицискиот лидер.
Лавров, меѓутоа, денеска не покажа никакви знаци за омекнување на руската позиција во однос на Сирија.