„Ciao” го видовме, следат „auf Wiedersehen” и „Au revoir”?

Од:

Б92 – Белград

На светската политичка сцена недопирливи остануваат само лидерите кои немаат тенденција кон авторитарност, останатите грчевито ќе се борат за опстанок во новата година.

Одлуката на Британците да си го дозволат луксузот со излез од Европската унија, како последица доведе до тотален колапс во заедницата на европските држави, кој се продлабочува со секоја нова состојба кога граѓаните добиваат шанса да го искажат својот став.

„Новата Европа” кон излезот од бунарот требаше да ја поведат тројца лидери, Ангела Меркел, Франсоа Оланд и Матео Ренци, или барем така звучеше во нивните изјави по „спасоносните” состаноци кои на крајот не донесоа ништо конкретно.

Еден член на екипата не ја дочека 2017 година на власт. Матео Ренци беше сменет на референдум на кој не помина неговата опција. Оставката беше неминовна и тоа во момент кога се очекуваше дека младиот лидер ќе направи исчекор во хиерархиската скала на европските моќници и да се позиционира како еден од столбовите.

Притоа, во финишот на мандатот Барак Обама стигна до шансата многу да се приближи до владејачкиот естаблишмент, но ни тоа не му вредеше по победата на Доналд Трамп и можните тектонски нарушувања во меѓународните односи.

Колку и да му било тешко, Ренци може комотно да се радува за тоа што ја напушти премиерската позиција во Италија. Шанса да се тргнат немаат, ниту ја сакаат Ангела Меркел и Франсоа Оланд, лидерите на Германија и Франција, но не е исклучена можноста да им се случи тоа, по се што се случи во 2016 година.

Критичен момент за првата жена на Европа

Мигрантската криза целосно ја одбележи годината зад нас, а покрај милионите бегалци прогонети од уништениот Блиски исток главен лик на целата претстава беше Ангела Меркел.

Најмоќната политичарка на Европа својата земја ја виде како вистинско одредиште за несреќните, ширум ги отвори портите, иако речиси сите држави во соседството на своите порти ставаа катанци.

Исламистичкиот тероризам ја разори Европа, внесе страв каков што не се почувствувал ни во Втората светска војна, а сето тоа се стави на сметка на Меркел.

Десничарите велат дека „отворените врати” во нивната држава донесоа терористи, подготвени да го загорчат мирниот живот на просечните Европејци и да ги наведат во секој момент да бидат внимателни.

Тоа на Европејците им е неприфатливо, тие не са научени да живеат во страв, не знаат да се соочат со стравот, а што е најлошо од се, за лидери имаат луѓе кои немаат вистинско решение за целосниот колапс во нивните животи.

Придобивките од солидарноста, „добрината”, „топлото срце” повеќе не се вистинска работа за која се размислува, примарно е спасување на својата глава, а тука како секти влетуваат луѓе со идеи за спас.

Десничарските струи во германската политика имаат длабоки корени, но во текот на изминатите неколку децении изгубија на сила.

Нивните пораки денес добиваат на тежина, во нив можат да се најдат и рационални елементи и се тоа спакувано на едно место значи дека постои сериозна можност една Алтернатива за Германија, помогната со движење како што е Пегида, да стекне реално чувство дека може да ја симне еврофанатичната власт.

Меркел има проблеми и во сопствените редови. Бројни локални челници го видоа моментот за свое истакнување и често јавно се спротивставуваат на нејзиниот „мајчински инстинкт”.

Дојче веле оценува дека стравот кај граѓаните во политички поени вешто ги претвара партијата Алтернатива за Германија (АfD) која постои од 2013 година, а во 2016 влезе во парламентите во пет покраини, двојно зголемувајќи го своето политичко присуство. Во Саксонија-Анхалт АfD со 24,3 отсто освоени гласови стана втора најсилна партија зад демохристијаните (29,8). Поради јакнењето на АfD станува покомплицирано основање на влада.

Се наведува дека многу нешта зборуваат во прилог на тоа дека во следниот состав на Бундестагот наместо четири ќе има шест партии. Според актуелните анкети, кои во последните месеци релативно се стабилни, за коалиција нема секогаш да бидат доволни три партии. Триото СПД, Левицата и Зелените, кое од неодамна е на власт во Берлин, како што моментално стојат работите нема да има мнозинство во Бундестагот.

Сепак, веќе некое време, партиите меѓусебно интензивно разгледуваат каде им се сличностите, а каде разликите. Желбата да се спречи уште една голема коалиција која ќе ја основаат ЦДУ/ЦСУ и СПД е поголема од кога било во црвено-црвено-зелените редови.

За германската политичка сцена и федералните избори кои се на програма во 2017 година е многу важен екстремниот пад на популарноста на Христијанско-демократската унија на чие чело е Меркел.

Од јули 2015 година до декември минатата година од тенденција на раст со 45 отсто поддршка ЦДУ падна на 15 отсто, додека во истиот период АfD скокна од 5 на 15 отсто.

ЦДУ со себе го поведе и партнерот Социјалдемократската партија, поради што постои голема шанса коалиционите партии на следните избори да не надминат 50 отсто гласови.

Првиот тест за тоа ќе бидат претседателските избори закажани на 12 февруари.

Меркел го поддржа својот шеф на дипломатијата Франк-Валтер Штајнмајер, со надеж дека неговите чести патувања во Москва ќе придонесат за подобрување на односите со Русија, која нема намера да се повинува на никакви санкции од Западот и продолжува по свое, посебно осоколена од интензивниот развој на пријателството со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и избраниот претседател на САД Доналд Трамп.

Изнуден потег или не, Меркел во повеќе наврати се најде на удар, како од лидерот на СПД Зигмар Габриел така и од Штајнмајер, но сега нема назад. За неа е неопходно заедничкиот кандидат убедливо да победи за да фати добар залет за изборите за Бундестагот, чиј датум треба да се одреди.

Изборот на Штајнмајер е и резултат на неуспешното барање на кандидат од страна на конзервативците. Кандидатот кој тие го сакаат, претседателот на Бундестагот Норберт Ламерт од ЦДУ, ја одби функцијата.

Штајнмајеровото име се поврзува за континуитет и лојалност. Тоа може да се види и како сигнал. Бидејќи именувањето за највисоката државна функција во германската историја секогаш е во врска со владејачките коалиции кои се на повидок или кон кои се стреми.

Кога премиер ќе поднесе оставка за да се кандидира…

Заминувањето на Мануел Валс од функцијата премиер на Владата на Франција не крена поголема тензија во тамошната јавност. Едноставно, државата која веќе со месеци живее во вонредна состојба, не реагира редовно на редовни настани.

Колку изборите за наследникот на Франсоа Оланд се важни на француските политичари зборува и фактот дека од министерската функција се откажа и Емануел Макрон, човек кој беше задолжен за економијата и индустријата во кабинетот на Валс.

Оланд никогаш не успеа да ја достигне силата на своите претходници, ако од таа група го исклучиме Никола Саркози. Во последната година на мандатот се соочи со целосен хаос на сите полиња и неминовно е личноста која ќе го замени да биде пред големи предизвици, како дома така и во Европа, а посебно во светот.

За разлика од Германија, во Франција прво се прашува претседателот, а за најпрестижната функција во државата подготвена е жестоко да се бори Марин Ле Пен, политичарка која сериозно се конфронтираше со нејзиниот и татко на нејзината партија Жан-Мари, а последните настани и одат и тоа како на рака.

За состојбата во француското општество доволно зборува неодамнешното истражување на една компанија за истражување на јавното мислење која се нарекува „Ипсос”.

Просечен Французин верува дека 31 отсто од населението на Франција е со муслиманска вероисповед, а вистинскиот податок е четири пати помал – 7,5 отсто.

Од Шарли ебдо, Батаклан, Ница, Франција е во вонредна состојба, нивото на стравот од терористички напади кои можат да се случат апсолутно во секој момент е на ниво кое не се памети, а AfD ја користи таа состојба во Германија па така работи и Националниот фронт.

Големиот евроскептицизам, појавата на клерофашистички елементи не е ново за семејството Ле Пен, а за разлика од сениорите кои наспроти себе имаа силни лидери и силна Европска унија, Марин влегува во трка со група политичари кои се вклопуваат во системот на „естаблишментот”, со мали назнаци дека се подготвени за драстични промени.

Од почетокот на истражувањето ни Валс ни Макрон не делуваат како кандидати кои ќе можат да се спротивстават на десничарската кандидатка. За сега, прв во анкетите е Франсоа Фијон, поранешен премиер за време на претседавањето на Саркози.

Кандидатот на Републиканците, порано партија позната под името Унија за народно движење, пред гласачите излезе со програмата „десно од десното”, сакајќи на разочараните да понуди нешто поразумна опција од таа која ја застапува Националниот фронт.

Аналитичарите оценуваа дека едноставно е неверојатно што француските конзервативци, почитувачи на републиканските идеи на Шарл де Гол, не се сетија порано на Фијон, кого го оценуваат како социјално ангажиран убеден католик, патриот со националистички моменти и поддржувач на радикални неолиберални економски реформи.

Исто како и во Германија, фаворитот во Франција е лице кое важи за „пријател на Путин” кој нема да биде задоволен од либералнодемократскиот и левичарскиот систем, бидејќи е подготвен како Трамп да ја исфрли паролата „Да ја направиме Франција голема нација”, да удри со остри мерки како Маргарет Тачер и орбановски да ја заклучи вратата за бегалците.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ