ЦИА: Кинескиот лидер бил „вознемирен“ од бруталноста на руската инвазија во Украина

Од:

Бруталноста на инвазијата на рускиот претседател Владимир Путин на Украина го „вознемирила“ кинескиот претседател Си Џинпинг и предизвикала пукнатини во односите меѓу Русија и Кина, изјави денеска на сослушување во Конгресот Вилијам Бернс, директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА).

Со ова се поткопуваат заедничките напори на двете сили за поголемо влијаниа на меѓународното поле, сметаат американските разузнавачи.

Наспроти огромните кинески инвестиции и партнерство со Русија негувано во изминатите години, „кинеското лидерство, посебно претседателот Си Џинпинг, е вознемирен од тоа што го гледа“ во Европа, изјави Бернс во Конгресот.

Руската инвазија на Украина е со таква магнитуда на уништување невидена на стариот континент уште од времето на Втората светска војна.

-Неговото разузнавање најверојатно не му кажало што ќе се случи. Штетата по имиџот и репутацијата на Кина е голема поради поврзаноста со грдотиите на руската агресија во Украина, кажа директорот на ЦИА.

Бернс денеска имаше распит пред Комитетот за разузнавање при американскиот Сенат. Ова е прва проценка за тоа што и како Кина знаела во пресрет на рускиот воен напад на Украина.

Набљудувачите сметаат дека ова сигнализира тензии меѓу Москва и кинескиот финансиски центар Пекинг, за кого Путин се надеваше дека ќе помогне на Русија во пресрет на очекуваните економски санкции од Западот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов