ЦИА демантира поврзаност на дејствата на Трамп со наводната евакуација на американски шпион од Русија

Од:

Централната разузнавачка агенција (ЦИА) ја демантираше информацијата дека дејствата на претседателот Доналд Трамп предизвикале евакуација на „американски шпион“ од Русија, соопшти синоќа „Фокс Њуз“, повикувајќи се на извор во агенцијата.

– Далеку се од реалноста неоснованите шпекулации дека наводната операција за извлекување е предизвикаа поради обраќање на претседателот со најделикатни разузнавачки информации, се вели во изјавата.

По прилозите на „Си-Ен-Ен“, „Вашингтон Пост“ и „Њујорк Тајмс“ објавени на 9 септември за извлекувањето на длабоко инфилтриран шпион на САД во Кремљ во 2017 година, руските медиуми излегоа со податок за идентитетот на тоа лице, односно дека се работи за Олег Смоленков, вработен во администрацијата на претседателот Владимир Путин.

Според Димитриј Песков, портпаролот на Путин, Смоленков навистина работел во админиситрацијата но бил отпуштен пред неколку години.

Според изданието „Дејли сторм“, Смоленков, заедно со сопругата и трите деца, во 2017 година заминал за Црна Гора и потоа исчезнал, по што била покрената кривична пријава за убиство.

Радио Слободна Европа, пак, синоќа излезе со извештај дека брачниот пар Олег и Антонина Смолнеков со нивните деца до пред неколку денови живееле во голем дом во Стафорд, Вирџинија. Соседите, интервјуирани од изданието, потврдиле дека Смоленкови се преселиле овде пред една година, но дека касно во ноќта на 9 септември ненадејно го напуштиле домот.

Според „Њујорк Тајмс“ шпионот одиграл важна улога во истрагата на ЦИА за вмешаноста на Русија во претседателските избори во 2016 година. Имено тој им помогнал на разузнавачките служби да извлечат заклучок дека лично Путин е одговорен за вмешаноста во изборите.

Од Белата куќа и Стејт департентот укажаа дека извештајот, најпрвин објавен од „Си-Ен-Ен“, биле „погрешна водена шпекулација“ и „неточност“.

Би можело да ве интересира

Кина го поздрави прелиминарниот трговски договор со САД

Ана Ололовска

Њу Орлеанс прогласи вонредна состојба поради кибер напади

Ана Ололовска

Русите и Јапонците прават робот кој ќе работи на Месечината

Ана Ололовска

Путин: Прославата на 75-годишнината од победата над фашизмот ќе биде најважен настан во 2020 година

Ана Ололовска

Американски санкции за двајца осомничени помагачи на Хезболах

Ана Ололовска

Русија ги повика на дијалог спротивставените страни во Либија

Ана Ололовска