Чудовиштето од Лох Нес сепак постои?

Од:

Шеесетгодишниот Џорџ Едвард поминал 26 години барајќи го Неси, чудовиштето од езерото Лох Нес.

Оваа фотграфија на која јасно се гледа како грбаво суштество се движи низ водата, Едвард верува дека јасно ја потврдува теоријата која со години не е потврдена дека во водите на езерото живее водно чудовиште налик на диносаурус.

Џорџ им објаснил на новинарите дека фотографијата е снимена минатата година додека со неговиот брод „Ловецот Неси“ носел туристи на обиколка околу езерото.

Тој објаснил дека мистериозната “грпка“ се движела по езерото кон Уртхард замокот. Џорџ кој поминувал и по 60 часа неделно обиколувајжи го езерото во изминативе 26 години и обидувајќи се да ја потврди теоријата дека во езерото живее чудовиште, убедува дека ова е најдобрата фотографија направена од Неси.

Тој објаснил дека чудната форма се движела пет до десет минути по површината и потоа потонала и не се појавила повторно.

„Убеден сум дека ја видов Неси. Верувам дека ова суштество постои. Премногу луѓе потврдија дека го виделе, за да биде невистинито“ – изјавил трагачот по чудовиштето во Лох Нес.

Но тој верува дека не е само едно. Туку дека во езерото живеат неколку чудовишта. Фотографија ја објавил дури сега, бидејќи истата претходно ја имал испратено во САД за да се потврди нејзината веродостојност, односно дека навистина сликал “нешто“, а не дека фотографијата е создадена со фотомонтажа.

 

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он