Човек кој сaкал да ги прочисти синусите починал поради нечиста вода

Од:

Поради нечистата вода што ја користел за плакнење на синусите, маж од Флорида починал од последици на инфекција предизвикана од амеба. Лекарите во округот Шарлот велат дека тој најверојатно се заразил со инфекцијата откако ги исплакнал синусите.

Naegleria fowleri, позната како амеба што јаде мозок, е едноклеточен организам кој се наоѓа во почвата и слатката вода низ целиот свет. Амебата влегува во телото преку носот, а потоа патува до мозокот, каде што го уништува мозочното ткиво и предизвикува разорна инфекција наречена примарен амебен менингоенцефалитис. Оваа инфекција е скоро секогаш фатална, пренесува Индекс. Повеќето инфекции доаѓаат од пливање во топли езера или реки во лето, бидејќи амебата сака топлина и најдобро успева на високи температури. Симптомите вклучуваат главоболки, треска, гадење, губење на рамнотежа, дезориентација, напади и вкочанет врат.

Надлежните истакнаа дека луѓето не можат да се заразат со пиење вода од чешма, но препорачаа да се користи дестилирана или стерилна вода за наводнување на синусите. Водата од чешма треба да се вари најмалку една минута и да се излади пред да се исплакнат синусите.

Инфекциите од Naegleria fowleri се ретки, со само три потврдени случаи во Америка минатата година. Пријавени се случаи по изложување на свежа вода во Ајова, Аризона и Небраска. Еден случај бил во 2019 година, вториот во 2020 година и третиот во 2021 година.

Би можело да ве интересира

Водовод го избриша известувањето дека нема да има вода во Скопје-било лага на неовластени лица

А1он

Подгответе се навреме: Утре речиси цело Скопје без вода или со слаб притисок

А1он

Дел од булевар „АСНОМ“ утре без вода

А1он

Рестрикции на вода во Тетово

Забранета водата за пиење во Струга

Поради два литра вода починала 35-годишна жена-кобно е времето за кое ја испила