Чомски: Ова е најопасниот момент во историјата на човештвото

Од:

Американскиот професор Ноам Чомски предупреди дека поради климатската криза, заканата од нуклеарна војна и зголемениот авторитаризам светот се наоѓа во најопасниот момент во историјата на човештвото.

Тој во интервју за „Њу стејтсман“ истакна дека „немало ништо слично во човековата историја“.

– Јас сум доволно стар за многу живописно да се сеќавам на заканата дека нацизмот можеше да завладее во голем дел од Евроазија… Американските воени планери предвидуваа дека војната ќе заврши со регион доминиран од САД и регион доминиран од Германија… Но, дури и тоа, доволно ужасно, не беше крај на организираниот човеков живот на Земјата, со кој сега се соочуваме, истакна Чомски.

Тој додаде дека се светот се соочува со многу тешки кризи, како нуклерани војна, еколошки катастрофи и влошување на демократијата.

– Влошувањето на демократијата стана шега. Американската влада е целосно исчистена од каков било дисидентски глас, посочи Чомски во интервјуто пред првиот Самит на Прогресивната меѓународна организација, што се одржува од денеска до 20 септември.

„Прогресив интернешнл“ е организација основана од американскиот сенатор Берни Сандерс и поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис, чија цел е спротивставување на десничарскиот авторитаризам.

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Ана Ололовска