Четврта жртва на вчерашната пукотница во швајцарската фабрика за преработка на дрво

Од:

Почина едно од тешко ранетите лица од  вчерашното пукање во фабриката за преработка на дрво во швајцарското градче Менцна, со што жртвите од овој кобен настан се зголемија на четири, заедно со убиецот, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на локалното радио „Пилатус“.

Полицијата во кантонот Луцерн, која го истражува случајот, одбива да ја потврди информацијата.

Долгогодишен вработен во компанијата „Кроноспан“ вчера утрината отвори оган во фабриката, убивајци двајца и ранувајќи уште седум лица, од кои шест посериозно. Потоа тој беше најден мртов на местото на настанот.

Според неговите колеги тој имал психички проблеми.

Според списанието „Вен минут“ вработен во фабриката го удрил убиецот со „предмет  и го убил“.

Списанието „Блик“ соопшти дека станува збор за натурализиран Швајцарец, Албанец од Косово, на возраст од 42 години. Полицијата не го откри неговиот идентитет.

Напаѓачот утрината почнал да пука по своите колеги во фабриката. Врз нив испразнил два шаржера од својот пиштол, прво погодувајќи колеги од неговиот оддел, потоа стрелал во ходникот кон дирекцијата, за на крајот да припука и во ресторанот на компанијата.

„Вен минут“ пишува дека тој бил машинист и за да го изврши злосторството на работа специјално дошол на денот кога бил слободен.

Во фабриката работел 10 години и до моментот никогаш не создал проблеми, наведува раководството на фирмата.

Би можело да ве интересира

Швајцарија организира мировна конференција за Украина на 15 и 16 јуни

Шестмина скијачи исчезнаа на швајцарските Алпи

Катерина Ѓуровски

Во Луцерн: Србин ја убил сопругата која сакала да се разведе од него

Швајцарија изгласа воведување тринаесетта пензија

А1он

Убиен e Иранецот кој држеше заложници во Швајцарија

Горан Наумовски

Србинка во Швајцарија паднала од мост висок 30 метри, уапсени се двајца мажи по потекло од Македонија

Горан Наумовски