Автомобил бомба денеска експлодира во индустриска зона во јужен Багдад.
Во нападот се убиени најмалку четири лица, додека 14 други се повредени, пренесоа француските медиуми.
Реонот во кој се случи нападот е населен од сунити и шиити.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но тој го носи печатот на групата Исламска држава.