Четворица загинати во автобуска несреќа во Канада, најмалку 53 повредени

Од:

Четири лица загинаа во сообраќајна несреќа, а повеќе од 50 луѓе завршија во болниците во Британска Колумбија, соопштија канадските власти.

„Можеме да потврдиме дека четворица патници се пронајдени мртви“, соопшти канадската полиција.

Оттаму додаваат дека загинатите патници се уште не се идентификувани, а причината за несреќата се истражува.

Комерцијалниот патнички автобус се движел кон запад по автопатот 97 кога излетал од патот и се превртел на страна, се вели во соопштението.

„Условите на патиштата се опишани како многу лоши со мраз и снег на површината на патот и дожд и град“, изјавија канадските власти. Возачот на автобусот во истрагата соработува со полицијата.

Во несреќата, која се случила меѓу Мерит и Келоун, немало други возила. Таа област се наоѓа на околу 100 километри северно од канадско-американската граница. Точниот број на патници во автобусот допрва треба да се потврди, а многу од повредените се пренесени во локалните болници пред полицијата да ги идентификува на местото на настанот, јавува Си-Ен-Ен.

Локалните здравствени власти потврдија дека медицинските тимови во три регионални болници лекувале најмалку 53 лица по несреќата.

Би можело да ве интересира

Возач загина на стариот пат Ѓавато-Тополчани

Учесник во сообраќајка побегна од местото на несреќата, полицијата го приведе

А1он

Тешка сообраќајна несреќа во Струмица, повредени неколку лица

А1он

Тешко повредена малолетна девојка во сообраќајна несреќа меѓу тротинет и автомобил

А1он

Сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш, повредена 21 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Малолетник е тешко повреден во сообраќајка во скопското село Мојанци