Четворица загинати, 40 повредени во експлозија на бомба во тајландски храм

Од:

Четири лица загинаа, а 40 се повредени денеска при експлозија на рачна бомба за време на чествување на празник во еден будистички храм во североисточниот дел на Тајланд, соопшти полицијата.

Експлозијата се случила откако полицијата не успеала да му ја одземе од раце рачната бомба М67 на 32-годишниот Винај Јекнам, кој претходно го имал отстрането осигурувачот од експлозивната направа и ја фрлил, јави ДПА.

Инцидентот се случил во близина на пагодата Наду во провинцијата Махашаркам, на 500 километри североисточно од Бангкок.

– Двајца полицајци и двајца случајни минувачи загинаа, а 40 лица се повредени. Напаѓачот имал само изгореница на десната рака, изјави полицискиот полковник Кричаи Салуамсри.

Би можело да ве интересира

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач

ВИДЕО: Русин скокна во смрт од храм на Тајланд

Жена на аеродромот во Бангкок се заглави на подвижна лента, на лице место и отсекоа нога