Четворица судии убиени во напад врз нивното возило во централен Авганистан

Од:

Четворица судии се убиени во наводен напад на талибанците во централната авганистанска провинција Логар, соопштија денеска официјални лица, пренесе ДПА.

Агенцијата наведува дека судиите од јужната провинција Пактија тргнале на пат за Кабул, кога нивниот автомобил бил нападнат во округот Мохамад Ага, во провинцијата Логар, соопштија членовите на провинцискиот совет Хасибулах Станекзаи и Мохамед Касим Седичи.

Засега не е познато дали судиите биле примарна цел на нападот. Според Станекзаи, вооружените лица отвориле оган врз возилото на националната армија, што се движело пред возилото на судиите.

Портпаролот на талибанците Забилахула Муџахид изјави дека се обидува да обезбеди информации за инцидентот. Муџахид рече дека бунтовниците ги таргетираат судиите ако има доказ дека тие суделе против талибанските борци или извршиле некој друг вид угнетување врз милитантите.

Во изминатите пет години низ цел Авганистан се убиени најмалку 66 судии, соопшти авганистанскиот Врховен суд.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан