Четворица продемократски пратеници дисквалификувани од парламентот на Хонг Конг

Од:

Четворица продемократски пратеници денеска ги загубија своите места во парламентот на Хонг Конг откако беа дисквалификувани, по резолуцијата што беше донесена од Постојаниот комитет на Националниот народен конгрес, јави ДПА.

Во резолуцијата наметната од Постојаниот комитет се наведува дека законодавците кои ја поддржуваат или промовираат независноста или одбиваат да го признаат суверенитетот на Кина врз овој полуавтономен регион, треба да бидат дисквалификувани од седниците на парламентот на Хонг Конг или Законодавниот совет.

Овие одредби содржат две од работите што го прекршуваат новиот Закон за национална безбедност, што таргетира отцепување, субверзија, тероризам и договарање со странски сили.

Дисквалификувани се поранешниот заменик-претседател на Претставничкиот дом, Денис Квок, и пратениците Алвин Јунг, Квок Ка-ки и Кенет Леунг.

Гласините за дисквалификација на четворицата пратеници во понеделникот ја предизвикаа реакцијата на 19 продемократски пратеници, кои изјавија дека масовно ќе поднесат оставка доколку Пекинг го наметне ова правило.

Официјален Пекинг на 30 јуни го објави новиот Закон за национална безбедност, како анекс на Уставот на Хонг Конг, потсети ДПА.

Би можело да ве интересира

Кинескиот суд одлучи: Затвор за лицата кои упаднаа во градското собрание во Хонг Конг

Горан Наумовски

Хонг Конг: Седуммина уапсени во случај на „перење“ 1,8 милијарди долари

Хонг Конг: Две лица ги загубија животите во поплавите, повеќе од 100 лица се повредени

ВИДЕО: Тајфунот фрла девојка на улица, вода продира низ зградите: Драматична снимка од невремето во Хонг Конг

(ВИДЕО) Силниот тајфун Саола го погоди Хонг Конг

Екстремен спортист загина во Хонг Конг додека се фотографираше