Четворица британски европратеници ја напуштија Партијата Брегзит

Од:

Британската Партија Брегзит денеска соопшти дека четворица нејзини членови, кои се и пратеници во Европскиот парламент, ја напуштиле партијата за да ја поддржат владејачката конзервативна партија на британските избори на 12 декември.

Партијата Брегзит на почетокот од годинава ја формираше Најџел Фараж, чија долгогодишна интензивна кампања против членството во ЕУ одигра голема улога во одржувањето референдум во 2016 година, на кој Британците изгласаа излез од Унијата.

На последните европски избори, кои се одржаа во мај, партијата оствари добар успех, но според анкетите на јавното мислење забележа пад на својата популарност откако одлучи да не им се спротивставува на конзервативните пратеници на премиерот Борис Џонсон, со цел да не дојде до поделба на гласовите за Брегзит.

Би можело да ве интересира

Технолошки инвестиции во Велика Британија во вредност од 13 милијарди фунти

Ана Ололовска

Велика Бртитанија ќе воведе построги казни за терористите

Ана Ололовска

ЕК: Преговорите со Британија дури во март

Ана Ололовска

Државјаните на ЕУ сакаат личен документ како доказ за легалниот престој на Островот

Ана Ололовска

Повеќе од 100 милиони евра казни за кршење на прописите за заштита на личните податоци

Ана Ололовска

Над 1.000 европски финансиски институции бараат пристап до Обединетото Кралство по Брегзит

Ана Ололовска