Четиригодишно момче прегазено од валјак во Германија

Од:

Почина чтиригодишно момче кое возејќи велосипед било удрено од машина за потиснување асвалт во близина на градилиште во Долна Саксонија, Германија.

Како што соопшти полицијата, момчето во понеделникот било со својот татко и седумгодишниот брат. Децата возеле велосипеди додека таткото трчал зад нив.

Постариот брат веќе го поминал патот кој е во изградба. Четиригодишното дете требало да го следи кога ненадејно го удрил валјак додека се движел наназад. Тој починал на местото на несреќата, пред очите на неговиот татко. Се утврдува како дошло до несреќата, а консултиран и експерт. Возачот на валјакот ќе се гони за убиство од небрежност.

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени