Четири жртви, тројца во критична состојба во судир на хеликоптери во Австралија

Од:

Во судир на два хеликоптери во Австралија загинаа четири лица, а тројца се во критична состојба, соопштија локалните власти.

Судирот се случил околу 14 часот по локално време во близина на популарната туристичка област Мејн Бич на Голд Коуст, јужно од Бризбејн.

„По судирот, хеликоптерите се урнаа на песочна плажа недалеку од одморалиштето Sea World“, изјави портпаролот на полицијата во Квинсленд, Гери Ворел.

Тој додаде дека на итните служби им било тешко да пристапат до песочниот брег.

Тринаесет лица се наоѓале во двата хеликоптера. Од нив четири лица загинале, тројца се тешко повредени, а шестмина се здобиле со полесни повреди, меѓу кои и исеченици од скршено стакло.

Сите повредени се пренесени во болница. Се уште не е позната причината за падот на хеликоптерот, а најавена е истрага и распит на сведоци за несреќата.

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча