Инцидентот во Германија нема политички или верски мотиви, возачот бил пијан и имал психички проблеми

Од:

Во денешниот инцидент кога автомобил со голема брзина влета во пешаци во германскиот град Трир, во сојузната покраина Рајнска област-Пфалц, загинаа четири лица, а околу 15 се повредени.

Министерот за внатрешни работи Роџер Левенц изјави дека меѓу загинатите е и едно деветмесечно девојче, 45-годишен човек, 25-годишна девојка и жена на возраст од 73 години, а 15 лица се полесно и посериозно повредени.

Според информациите во локалните медиуми, човекот кој го извршил нападот бил пијан, а му биле измерени 1.4 промили алкохол во крвта. Тој имал и психички проблеми, а последните четири дена живеел во џипот со кој го изврши страшниот напад, кој не бил негов, туку му бил даден на користење од страна на друг човек.

Заменик-началникот на полицијата во Трир, Франц-Дитер Анклер, потврди дека 51-годишниот германски државјанин, роден во Трир, е уапсен и возилото е обезбедено.

Наведувајќи дека местото на злосторството и околината се затворени и дека истрагата продолжува, Анклер додаде дека осомничениот е брзо фатен и испрашуван.

Обвинителот Питер Фрицен рече дека човекот е под обвинение за четири убиства, неколку обиди за убиства и намерни повреди на многу луѓе.

Фрицсен кажа дека според првичните информации, нема докази за некаков религиски или политички мотивиран напад.

Германската канцеларка Ангела Меркел испрати сочувство до семејствата на загинатите, и на повредените им посака брзо закрепнување.

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени