Четири Украинки објавија што прави противвоздушната одбрана на Украина, па завршија во домашен притвор

Од:

Четири блогерки од Украина завршија во 24-часовен домашен притвор откако снимија и објавија информации за активностите на украинската противвоздушна одбрана на Интернет.

Ина Чернечка (Воронова), Дарија Семенченко, Олга Дидовец и Људмила Нужна беа обвинети за снимање на активностите на украинската армија за време на рускиот напад врз Киев на 16 мај.

Градското обвинителство во Киев објави дека рочиштата се одржале зад затворени врати бидејќи обвинението содржи информации за позициите на распоредување на системот за противвоздушна одбрана. Семенченко пред Окружниот суд изјави дека не споделила никакво видео на социјалните мрежи, туку го препратила до администраторот на познатиот украински канал Телеграм и дека е убедена дека тој ќе го замати видеото пред објавување.

Нејзините адвокати рекоа дека таа немала лоши намери. Доколку бидат осудени, на блогерите им се заканува казна затвор до осум години, пишува Sky News.

Би можело да ве интересира

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски снајперист во Украина: Мора да го запреме Путин