Украинскиот министер за внатрешни работи Ихор Клименко денеска соопшти дека четири лица загинале, а 13 се водат како исчезнати во поплавите во јужниот регион Керсон по уништувањето на браната Каховка.
Клименко на Телеграм објави дека поради поплавите се евакуирани вкупно 2.412 лица, пренесува Ројтерс.
Кремљ денеска ги обвини украинските сили дека гранатирале цивили и членови на спасувачките служби кои се борат со поплавите предизвикани од уривањето на браната Нова Каховка во јужна Украина.