Четири лица во карантин на брод на белгиско пристаниште

Од:

Четири лица се држат во карантин на брод во пристаништето Зебриж во Белгија.

Сомнителните лица се во изолација, а вкупниот број на патници на бродот изнесува три илјади, на кои за сега не им е дозволено да се симнат.

Властите соопштија дека еден од патниците бил во контакт со германски државјанин заразен од Ковид-19.

-Како превентивна мерка, ова лице и лицата кои го придружуваат се ставени во карантин, но ниеден од нив засега не покажуваат симптоми, така што не треба да се паничи во овој момент, изјавија претставници на пристаништето.

Белгиското Министерство за здравство е во контакт со управата на пристаништето за натамошните мерки.

Би можело да ве интересира

Браун: Повикот за помош спаси многу човечки животи во Балтимор

Голем пожар на британски носач на авиони, има повредени

Горан Наумовски

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата