Честитки за отпорот на заканите од антидемократска и арогантна Европска унија – Европската десница ја поздравува победата на Мелони

Од:

Политичарите од десницата ѝ честитаа на Џорџа Мелони, лидерката на Браќата од Италија, за нејзината победа на италијанските избори.

Мелони и Браќата од Италија се јасни победници на изборите кои се одржаа вчера. Првичните резултати покажуваат дека десничарскиот блок треба да има убедливо мнозинство во двата дома на парламентот, што е потенцијална ретка шанса за политичка стабилност во Италија по години на пресврти и кревки коалиции .

Ле Пен: Честитки до Италија за отпорот на заканите на антидемократската и арогантна ЕУ

„Прославуваме со Италија“, напиша на Твитер пратеничката на АфД, Беатрикс фон Шторх. „Шведска на север, Италија на југ. Левичарските влади се стара вест“, додаде таа. Полскиот премиер Матеуш Моравјецки исто така и честиташе на Мелони со едноставен твит „Честитки @Giorgia Meloni“.

Марин Ле Пен, лидерката на француската крајнодесничарска партија на Твитер напиша: „Италијанскиот народ одлучи да ја земе судбината во свои раце избирајќи патриотска и суверена влада. Честитки до Џорџа Мелони и Матео Салвини за отпорот на заканите од антидемократска и арогантна Европска унија која ја извојува оваа голема победа“.

На победниците на италијанските избори им честиташе и Балаш Орбан, политичкиот директор на унгарскиот премиер Виктор Орбан: „Им честитам на Џорџа Мелона, Матео Салвини и Силвио Берлускони за денешните избори! Во овие тешки моменти ни требаат повеќе од било кога пријатели кои споделуваат заедничка визија и пристап кон предизвиците на Европа“.

Сантијаго Абаскал, лидер на шпанската десница, на Твитер напиша: „Џорџа Мелони го покажа патот за гордата, слободна Европа на суверени нации да може да работи заедно за безбедноста и просперитетот на сите“..

Би можело да ве интересира

„Нема подобар и попаметен„ – Трамп го испофали премиерот на Унгарија: Орбан е фантастичен лидер

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Вучиќ и Орбан одговараа на ТикТок: Ќебапи или гулаш

Катерина Ѓуровски

Орбан: Ќе ја загубиме Србија

Орбан блокираше 50 милијарди евра помош за Украина

Катерина Ѓуровски

Орбан: Украина е неколку светлосни години далеку од ЕУ, ќе се спротивставиме

Предраг Петровиќ

Орбан: Брисел ја уништува Европа и ја води во смрт, ставајќи нов клинец во нејзиниот ковчег секој ден