Чешките пратеници ќе гласаат за распуштање на Парламентот

Од:

Чешките пратеници денеска, првпат во историјата, ќе гласаат за распуштање на Собранието, јави дописникот на МИА од Прага.

Иницијативата потекна од опозицискaтa Чешка социјалдемократска партија (ЧССД), која бара предвремени избори по падот на коалициската влада на Петр Нечас и не се согласуваат со формирањето на техничка Влада по предлог на претседателот Милош Земан.

За распуштање на Парламентот е потребна поддршка од најмалку три петтини од пратеничкиот состав, односно од 120 пратеници.

Со оглед на тоа што опозицијата го нема потребниот број гласови, а поранешната владина коалиција се изјасни дека нема да го поддржи предлогот, не се очекува распуштање на собранискиот состав.

Доколку сепак, предлогот помине, Долниот дом на Парламентот ќе го распушти претседателот на државата и во рок од два месеци треба да се одржат нови избори.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски