Чешкиот премиер верува дека нормалниот живот ќе се врати кон крајот на мај или почетокот на јуни

Од:

Премиерот на Чешка Андреј Бабиш оцени, врз основа на статистиката и моделите на епидемиолозите, дека животот во Чешка би можел да се врати во нормална состојба до крајот на мај или почетокот на јуни.

Тој соопшти дека Владата не планира понатамошно заострување на мерките, но потенцира дека е важно граѓаните да продолжат да бидат дисциплинирани.

– Бројот на позитивни, во проценти, се намалува. Подготвен е проект за паметен карантин. Тестираме, во однос на европскиот просек, тоа добро го правиме. Пресвртот треба да биде кон крајот на април кога ќе кулминира епидемијата. Се надеваме дека тогаш ќе има помеѓу 10.000 и 15.000 заразени, изјави денеска Бабиш во видео интервју за таблоидот Блеск.

Тој ги повика Чесите уште некое време да ги издржат мерките за одржување физичко растојание и ограничено движење, во периодот кога си одат дома од работа. Во Чешка, граѓаните имаат право да излезат само по потреба, што во таа земја значи излегување поради снабдување со храна и лекови, до пошта или банкат, прошетка на кучето или излегување на свеж воздух, до парк или природата, но максимално групирани по двајца со задолжително носење заштитни маски или шалови преку носот и устата во јавност.

Бабиш рече дека Владата бара од Парламентот за уште еден месец да ја продолжи состојбата на криза поради епидемијата, што е поблаго од вонредна состојба и затоа за првиот месец може да биде прогласена од самата влада, без Собранието.

Владата и Централниот кризен штаб, каде, на покана на Владата се и тројца претставници на опозицијата, се подготвува за постепено намалување на рестриктивните мерки по Велигден.

– Сигурно ќе почнеме со отворање на некои продавници после Велигден, но потребни се правила. Мислам дека отварањето на продавниците ќе биде прво, потоа ќе следува пробно отворање на некои училишта, а потоа и ресторани. Анализираме, подготвуваме но потенцирам, тоа ќе биде дури после Велигден, истакна чешкиот премиер.

Андреј Бабиш рече дека многу надежи се вложуваат во т.н. паметен карантин, кој пробно почна да функционира во понеделникот во Јужноморавскиот регион кога, врз основа на локализација од мобилни телефони и банкарски картички, во со согласност со лицето за кое е потврдено дека е заразено со коронавирус, електронски се трасираат сите можни контакти во последните пет дена, па и тие лица се ставаат во карантин три дена, односно додека не бидат тестирани.

– Мора да дојдеме до бројка од 20 000 тестови на ден, рече Бабиш.

Во чешка досега 40 лица починаа од Ковид-19, претежно постари лица со други заболувања, додека 61 пациент оздравел од вкупно 3.604 дијагностицирани. Од први март, кога беа забележани првите три случаи во земјата, Чешка тестираше 60.990 луѓе.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски