Чешкиот премиер Бабиш повторно под кривична истрага за махинации со донации од ЕУ

Од:

Чешкиот Врховен обвинител Павел Земан денеска нареди повторно да продолжи прекинатата кривична пријава против чешкиот премиер Андреј Бабиш заради наводни махинации со дотации од два милиона евра од Европската унија за неговиот Конференциски центар и фармата „Родино гнездо“. Надлежниот обвинител првично лошо ги проценил доказите на полицијата и во септември недоволно образложил зошто истрагата беше прекината.

Поради тоа што фармата „Родино гнездо“ била наменски издвоена од неговиот концерн „Агроферт“ за да добие европски дотации за мали претпријатија, а по периодот на контрола од пет години повторно е вратена во матичниот агро и хемиски концерн „Агроферт“, кривичната истрага сега повторно се отвора против премиерот и една од менаџерките на фирмата, додека обвинителот Земан го потврди прекинувањето на истрагата против сопругата на премиерот Моника Бабишова и неговите две деца од првиот брак.

Полицијата, која по тригодишната истрага веќе предложи премиерот со доказите да оди на суд за махинации со дотациите, на овој начин повторно истрагата ја доби во свои раце.

Ова е втор непријатен удар за чешкиот премиер во последните неколку дена, бидејќи од ЕК на крајот на минатата недела конечно стигна завршниот извештај на ревизорската истрага на ЕК за тоа дека Бабиш како тајкун во агросекторот и хемиската индустрија е во судир на интереси кога како премир има влијание врз поделбата на европски пари и дотации кои ги користи неговиот концерн „Агроферт“.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски