Чешка побарала од државите од ЕУ да протераат по еден дипломат на Русија

Од:

На неформалниот самит во Португалија, чешкиот премиер Андреј Бабиш побара од земјите членки на Европската унија да протераат по еден руски дипломат во знак на солидарност со Чешката Република во нејзината дипломатска војна со Русија.

-Ние секогаш мора да претпоставиме дека кога е нападната една земја-членка, всушност, сите ќе бидат нападнати. Исто така, ги замолив да размислат за протерување по еден дипломат одеднаш. На следниот самит ќе видиме како ќе реагираат, изјави Бабиш пред чешките новинари во Порто.

нас ледниот самит на ЕУ во крајот на мај на дневен ред е аферата за експлозијата на муниција во магацини во Врбјетице на југот на Чешка во 2014 година, за што, благодарение на новите докази од полицијата и разузнавачките служби, чешките власти се сомневаат на руски агенти на ГРУ, исти двајца осомничени за труење на поранешен руски агент Сергеј Скрипал во Солсбери во 2018 година.

Бабиш, синоќа, на вечера на премиерите и претседателите на земјите од ЕУ, започна дебата за аферата со чешко-руската дипломатска војна и рече дека германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон биле вклучени.

На 17 април Чешка протера 18 руски дипломати поради Врбјетица, а Русија возврати со протерање 20 чешки дипломати.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски