Чешка негира дека платила откуп за ослободување на заложничките од Ал Каеда

Од:

По ослободувањето на двете млади жени, граѓанки на Чешка, кои две години беа заложници на вооружени лица за кои се претпоставува дека се припадници на Ал Каеда, чешката јавност отвори многу прашања.

Нејасно е каде се држени девојките Антоние Храстецка и Хана Хумпалова, дали за нив е платен откуп и како по двомесечно преговарање беа ослободени со помош на турската хуманитарна организација ИХХ, јави дописникот на МИА од Прага. Чешката дипломатија е претпазлива во одговорите.

– Кога ова ќе му се случи на кој било граѓанин на чешката држава, Владата ја интензивира комуникацијата, употребува дипломатски, безбедносни средства за комуникација кои јавно не се соопштуваат. Сепак важи правилото дека чешката Влада не преговара со терористи и не плаќа откуп, изјави чешкиот министер за внатрешни работи Милан Хованец, без да дава дополнителни информации

Според повеќе безбедносни експерти малку е веројатно дека Чешка го договорила ослободувањето без каква било размена, иако постои мала шанса ослободувањето да го договориле семејствата на двете киднапирани девојки.

Единствено се знае дека не е дојдено до ослободување на една од терористките на Ал Каеда која е во затвор во САД, како што бараа киднаперите во едно видео објавено минатата година и која порака ја пренесоа киднапираните.

Чешката дипломатија дава многу малку информации во врска со случајот уште од самиот почеток. Портпаролката на Министерството за надворешни работи Михаела Лагронова изјави дека дипломатијата го познава начинот на кој киднапираните дојдоа во татковината, но нема јавно да го коментира заради останатите заложници кои биле исто така киднапирани со нив.

Министерот за надворешни работи Лубомир Заоралек единствено информираше дека девојките се наоѓале на турско-ирачката граница и дека биле ослободени неколку часа пред да биде објавено.

Во интерес на преговорите за другите заложници и хуманитарната организација ИХХ не дава конкретни информации во врска со Храстецка и Хумпалова, единствено соопштува дека употребувајќи ги сите расположиви средства ги вратиле киднапираните на нивните семејства.

Двете 24-годишни чешки туристки беа киднапирани во југозападната пакистанска провинција Балучистан во март 2013 година, кога патувале од Иран до Индија.

Сега се наоѓаат под лекарски надзор во болница која не се соопштува јавно. На снимките кои беа објавени од турски медиуми двете девојки изгледаат добро, иако делуваат слабо и истоштено.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница