Чешка: Граѓаните мора да носат маски на лицето на јавни места

Од:

Чешката Влада им нареди на граѓаните да носат маски или на друг начин да ги покриваат устата и носот на јавни места.

Мерката стапува во сила од полноќ.

Премиерот Андреј Бабиш по владината седница рече дека е донесена одлука помеѓу 10:00 часот наутро и 12:00 часот напладне до продавниците за храна и аптеките да им се дозволи пристап  само за граѓани постари од 65 години.

Во Чешката има 464 случаи на заразени со новиот коронавирус. Властите ги затворија границите со соседните земји во обид да спречат ширење на вирусот.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски