Чешка е пред одлука да воведе највисоко ниво рестрикции за заштита од коронавирусот

Од:

Чешката Влада утре ќе разгледува преминување на највисоко ниво на опасност од епидемијата, што би овозможило воведување ограничувања на движењето и затворање на несуштинските продавници, изјави министерот за внатрешни работи Јан Хамчек.

Според него, ќе се разгледа преминот од четвртиот во петтиот, највисок степен на епидемиолошка закана, што ќе овозможи напуштање на куќата да биде дозволено само за итни потреби.

– Епидемиолошката состојба во Чешка се влошува и мора да одговориме на тоа. Веројатно постојните ограничувања ќе бидат засилени, рече Хамчек.

Во Чешка од петокот се затворени музеи, фитнес центри, спортски објекти и спортски сали, а рестораните можат да продаваат храна само преку шалтер.

Досега во таа земја со коронавирус биле заразени 618.836 лица, а починаа.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски