Чехинки склучуваат лажни бракови за 10.000 евра

Од:

Во Чешка минатата година се регистрирани се поголем број лажни бракови на Чехинки, наведува Чешката централа за борба против организиран криминал во годишниот извештај.

Според извештајот, државјанки на Чешка за сума од 1.000 до 10.000 евра склучуваат лажни бракови со мажи од Косово или Турција, за да им обезбедат престој во Германија или за оневозможат нивна депортација од земјата.

Чешката полиција ја засили проверката на браковите во земјата, каде годишно се откриваат од 70 до 150 лажни бракови склучени со странци си цел тие да добијат дозволи за престој во Чешка, но, како што предупреди Централата за борба против организиран криминал, „бизнисот со лажни бракови се пресели и цвета и во старите членки на Европската унија“.

– Нов тренд е склучување лажни бракови во други земји на ЕУ. Група криминалци договараат наменски бракови, пред се за државјани на Турција. Не е лесно да се докаже овој вид кривично дело, бидејќи жените не ги однеле во странство со сила, туку спротивно за тие „брачни услуги“ добиваат големи пари. Тие жени често остануваат во земјите на ЕУ, каде што работат или се проститутки во еротски клубови, се наведува во извештајот на Централата за 2018 година.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски