ВИДЕО: Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров тврди дека е во Украина

Од:

Чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров, тврди дека пристигнал во Украина. Во видео-порака објавена преку апликацијата „Телеграм“ Кадиров вели дека пред неколку дена се наоѓал во непосредна близина на непријателските сили во Украина на место каде што се воделе жестоки борби меѓу руските и украинските сили.

„Пред некој ден бев на околу 20 километри од вас, киевски насцисти, а сега сме уште поблиску…Ќе додадам уште една интрига: можеби сме веќе во Киев и само ја чекаме потребната наредба“, вели Кадиров.

Тој истовремено упати закани до украинското раководство со повик да ја смени страната.

„Можете да се опуштите на минута и да не не барате, ние по секако ќе ве најдеме“, продолжува Кадиров кој е лојален соработник на рускиот претседател Владимир Путин.

Кадиров повеќе од десет години суверено владее со руската Република Чеченија. Граѓанските активности го обвинуват за чести кршења на човековите права, со произволни апсења и нарачани убиства.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ