Чавушоглу за анексијата на Крим: Меѓународната заедница мора да е едногласна против ова кршење на меѓународното право

Од:

Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу, потенцирајќи дека Турција силно го поддржува територијалниот интегритет на Украина, оцени дека „меѓународната заедница треба да биде едногласна против кршењето на меѓународното право (илегалната анексија на Крим)“, јавува Анадолија.

Во својот говор на Самитот за воспоставување на платформата на Крим во Украина, Чавушоглу ја честиташе 30-годишнината од независноста на Украина.

Потсетувајќи дека поминале повеќе од седум години од илегалната анексија на Крим, Чавушоглу рече: Нашата поддршка за територијалниот интегритет на Украина е многу силна. Меѓународната заедница мора да биде едногласна против ова кршење на меѓународното право.“

– Веруваме дека Кримската платформа ќе послужи како ефективен форум за да ја покажеме нашата солидарност и посветеност, рече Чавушоглу. Тој додаде дека Кримската платформа не е само за регионот, туку и за народот.

– Во сегашните околности не постои лесно решение за овој проблем (илегална анексија на Крим). За жал, меѓународниот систем, вклучително и механизмот на Обединетите нации, не е добро дизајниран за да може да го реши. Сè уште единствениот пат за мирно решение е дипломатијата. Затоа е потребна активна координација. Оваа платформа означува важен почеток во координирањето на нашите напори за да можеме да постигнеме мирно и долгорочно решение. Крим е Украина, пренесува Анадолија.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски