Чавушоглу: Турција и САД во март ќе почнат со обука на сириските бунтовници

Од:

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу денеска изјави дека Турција и САД од почетокот на следниот месеец ќе почнат со реализација на програмата за обука и вооружувањење на умерените сириски бунтовници, пренесоа британските медиуми.

Турција и САД вчера потпишаа спогодба за обука и вооружување на умерените сириски бунтовници, кои се борат против претседателот Башар Асад.

Американската армија планира да испрати над 400 војници, вклучувајќи и припадници на специјалните сили, кои ќе ги обучуваат умерените  сириски опозициски борци на места надвор од Сирија, како дел од борбата против групата Исламска држава.

Спогодбата беше потпишана од висок дипломат од турското Министерство за надворешни работи и американскиот амбасадор во Анкара.

САД и Турција неколку месеци преговараа за склучување на оваа спогодба.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска