Чавушоглу: Средба Путин-Ердоган следната недела

Од:

Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган, ќе се сретнат на 5 или 6 март, соопшти денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Тој пред новинарите во Анкара изјави дека прашањето за кризата во сириската провинција Идлиб може да се реши само на средба на двајцата претседатели.

– Работиме на тоа. Состанокот ќе се одржи на почетокот на март, или на 5 или 6 март, рече Чавушоглу.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди дека Путин и Ердоган разговарале по телефон за можна средба.

– Во моментов се работи на одржување средба меѓу претседателот Путин и претседателот Ердоган во Москва на 5 или 6 март, додаде Песков.

Би можело да ве интересира

Ердоган го нападна Нетанјаху: „Тој сака да предизвика регионална војна“

На Путин му беше врачен претседателски сертификат: ЦИК ја потврди неговата победа на изборите

Путин: Никогаш не се откажавме од мирното решавање на споровите со Украина

Турција им нуди на Зеленски и Путин нацрт мировен договор

Тежок пораз на Ердоган на изборите

Путин нареди мобилизација на 150.000 војници