Чавушоглу: Франција и доставува оружје на Либија

Од:

Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу денеска ја обвини Франција дека и испорачува оружје на Либија, пренесе Тасс.

-Има некои земји кои се обидуваат да го спречат повикот на претседателите на Турција и Русија за прекин на огнот во Либија. Франција се обидува да ја саботира секоја иницијатива во која не учествува. Франција, преку испораките на оружје во Либија, го овозможува продолжувањето на хаосот, рече турскиот министер за надворешни работи на прес конференција во Анкара, пренесе БТА.

Во моментов врз Либија е активно ембаргото за увоз на оружје, потсети Тасс.

Чавушоглу, исто така, изрази надеж дека Либиската национална армија (ЛНА) на маршалот Халифа Хафтар ќе се согласи да се приклучи кон иницијативата на претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган, за воспоставување на режим за прекин на огнот од недела на полноќ (12 јануари).

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор