Чавашоглу: Турција му дава континуирана поддршка на Мадуро

Од:

Шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу денеска изјави дека Турција му пружа континуирана поддршка на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро и оти планира да ја продлабочи соработката со Каракас „на сите полиња“ и покрај американските пристисоци.

Чавашоглу поддршката за Венецуела ја изрази на заедничката прес-конференција со венецуелскиот министер за надворешни работи Хорхе Арес.

Двајцата министри ги критикуваа американските санкции кон Венецуела, кои и штетат на трговијата со злато.

– Венецуела и Турција неприканато работат на изнаоѓање на алтернатива за зголемување на трговската размена, истакна Арес.

Турција покрај Русија, Кина и Куба му пружаат поддршка на Мадуро.

Би можело да ве интересира

Венецуела: Уапсен активист за наводна вмешаност во обид за атентат врз Мадуро

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски