Чанг: Да знаеше од претходно, Кина ќе се обидеше да ја спречи војната

Од:

Кинескиот амбасадор во САД Чин Ганг изјави дека кинеската Влада не знаела дека ќе има војна во Украина.

-Тврдењата дека Кина знаела, се согласила или премолчено ја поддржувала оваа војна се чиста дезинформација. Сите овие тврдења служат само за префрлање на вината кон Кина и фрлање кал врз Кина, изјави кинескиот амбасадор за весникот „Вашингтон пост“.

Тој изјавата ја даде по повод коментарите и медиумските шпекулации и тврдења дека Кина наводно од претходно знаела за руската воена акција и дека наводно побарала од Русија да ја одложи до завршувањето на Зимските олимписки игри.

-Во Украина има повеќе од 6.000 кинески граѓани. Кина е најголемиот трговски партнер и на Русија и на Украина и најголем увозник на сурова нафта и природен гас во светот, истакна Чанг.

Тој нагласи дека конфликтот меѓу Русија и Украина не и носи ништо добро на Кина.

-Да знаеше Кина за непосредната криза, ќе се обидевме да ја спречиме, рече кинескиот амбасадор во Вашингтон.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Рускиот амбасадор не одговорил на повикот на Полска: Прво понудете докази

Предраг Петровиќ