ЦДУ победи на изборите во Долна Саксонија

Од:

Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел во заминување, ја задржа позицијата на најсилна партија во северната покраина Долна Саксонија, покажаа денеска резултатите од локалните избори, две недели пред одржувањето на федералните парламентарни избори.

ЦДУ освои 31,7 проценти од гласовите на вчерашните избори, што е помалку од претходните избори пред пет години кога освои 34,3 отсто, покажаа резултатите.

Социјалдемократската партија (СДП) го зазеде второто место со 30 проценти, што е нешто помалку од освоените 31,2 проценти во 2016 година. Зелените добија поголема поддршка од гласачите со освојување на 15,9 отсто од гласовите, наспроти 10,9 проценти пред пет години.

ЦДУ е најсилната партија на локалните избори во Долна Саксонија околу 40 години, иако владата најчесто ја водеа социјалдемократите.

Според последните анкети, социјалдемократите имаат мала предност во однос на ЦДУ на претстојните избори за Бундестагот.

Тројцата кандидати за канцелар Армин Лашет од ЦДУ, социјалдемократот Олаф Шолц и кандидатката на Зелените Аналена Бербок синоќа ги соочија своите ставови во втората од трите телевизиски дебати.

Завршната дебата ќе се одржи следната недела, една седмица пред парламентарните избори на 26 септември.

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени