Буш му честиташе на Бајден, Трамп има право на пребројување

Од:

Поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш му ја честиташе победата на новоизбраниот претседател Џозеф Бајден, но исто така изјави дека актуелниот претседател Доналд Трамп има право да бара пребројување на гласовите.

Буш рече дека разговарал телефонски со новоизбраниот претседател Бајден и му ја честитал победата.

Буш во соопштението додава дека Американците можат да имаат доверба во тоа дека американските избори „во суштина биле фер, дека ќе го задржат својот интегритет и оти резултатот е јасен“.

Тој исто така и честиташе на Камала Харис за изборот за потпретседателка.

Буш сепак додаде дека сегашниот претседател Доналд Трамп има право да побара пребројување на гласовите и да поведе судска постапка.

Би можело да ве интересира

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“

Бајден е горд на проширувањето на НАТО до границите со Русија

ВИДЕО: Бајден го нарече пристапот на Нетанјаху кон војната во Газа „грешка“

Катерина Ѓуровски

Бајден се закани, Нетанјаху дозволи кордори за влез на помош во Газа