Буркина Фасо: Поранешните министри не треба да го напуштат главниот град

Од:

Хунтата која ја собори владата на Буркина Фасо ги предупреди поранешните министри да не го напуштаат главниот град и да не ги попречуваат воените офицери за време на разговорите за враќање на демократскиот поредок, изјави денеска еден од политичарите.

Офицерите, кои себеси се нарекуваат Патриотско движење за заштита и обнова (МПСР), во понеделникот го соборија претседателот Рох Марк Кристијан Каборе, обвинувајќи го дека не ја спречил ескалацијата на насилството од исламистичките милитанти.

МПСР соопшти дека ќе предложи календар за враќање на уставниот поредок во разумна временска рамка, но не разработи планови за транзиција.

– Лидерот на МПСР, потполковник Анри-Пол Дамида, вчера се сретна со членовите на владата на Каборе, изјави еден од поранешните министри кој присуствуваше на состанокот и побара да остане анонимен.

Дамида ги предупредил да не прават ништо за опструирање на хунтата или да патуваат надвор од главниот град, но додаде дека го поздравува секој придонес што можат да го дадат за транзицијата, истакна поранешниот министер.

Хунтата денеска треба да се сретне и со група синдикати, се наведува во интерната белешка на главната работничка организација на Буркина Фасо.

Состаноците се одржуваат пред планираниот вонреден самит на 15-члената Економска заедница на западноафриканските држави (ECOWAS), на кој утре ќе се разговара за тоа како да се одговори на државниот удар во Буркина Фасо.

ECOWAS воведе санкции против Мали и Гвинеја по воените удари во август 2020 година и септември 2021 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Најмалку 33 војници загинаа во напад на џихадисти во Буркина Фасо

Ана Ололовска

Буркина Фасо побара повлекување на француските војници од нејзината територија

Ана Ололовска

Во Буркина Фасо пронајдени телата на 28 убиени

Грифитс: Глад во Буркина Фасо, некои жители јадат само листови

Ана Ололовска

Буркина Фасо: Соборениот лидер на хунтата Дамиба се согласи да поднесе оставка

Ана Ололовска

ЕУ го осуди новиот државен удар во Буркина Фасо, втор за осум месеци

Ана Ололовска