Бунт во затвор во Венецуела, убиени 29 затвореници

Од:

Организацијата на заштита на правата на затворениците во Венецуела денеска соопшти дека затворски чувари, за време на бунт во затвор во сојузната држава Португеса , убиле 29 затвореници.

Умберто Прадо од Опсерваторијата за венецуелските затвори рече дека во бунтот биле ранети и 18 чувари. Тој затвор е 350 километри од главниот град Каракас. Венецуелските власти досега не го коментираа овој инцидент.

Минатата година, 68 затвореници беа убиени во бунт во затвор во Валенсија, од кои многумина изгореа живи.

Критичари велат дека 30 затвори во Венецуела се пренатрупани и со нив управуваат банди, кои се занимаваат со трговија на дрога и оружје.

Инаку, Венецуела се наоѓа во голема криза, која се карактеризира со недостаток на храна и лекови, поради што милиони граѓани заминаа од земјата.

Во исто време, постои жесток политички конфликт меѓу претседателот Николас Мадуро и водачот на опозицијата Хуан Гуаидо, кој се прогласи за привремен претседател и е поддржан од околу педесет земји, вклучувајќи ги и САД.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски