Брокеншир: Обидот на руските хакери да украдат истражувања за Ковид-19 е неприфатлив

Од:

Британскиот министер за безбедност, Џејмс Брокеншир денеска оцени дека обидот на руските хакери да украдат истражувања за вирусот Ковид-19 е целосно неприфатлив.

Тој додаде дека, сепак, тој обид не предизвикал материјална штета.

– Сосема е неприфатливо за руската разузнавачка служба да се обиде да влезе во системите на оние кои бараат одговор на кризата и развиваат вакцина. Засега нема докази или информации за каква било штета, изјави Брокеншир за Скај њуз.

Британскиот Национален центар за кибер безбедност вчера соопшти дека хакерите поддржани од Русија се обидоа да украдат истражување за вакцината и третманот на вирусот Ковид-19 од академски и фармаколошки институции ширум светот, што Русија го негираше.

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски