Бројот на жртвите во тајфунот Бофа достигна 475 лица

Од:

Тајфунот Бофа го однесе животот на најмалку 475 лица на Филипините, покажуваат најновите податоци на филипинската полиција.

Силниот ветер, кој на моменти достигнувал брзина од 210 километри на час, откорнувал покриви од куќи, дрвја и електрични столбови. Повеќе од 300 лица се водат како исчезнати, а 170.000 луѓе останале без своите домови.

Секоја година филипинските острови ги погодуваат по 20 тропски циклони, во кои животот го губат стотици луѓе. Бофа, кој во вторникот го зафати јужниот дел на земјата, е регистриран како најмоќниот циклон во оваа сезона.

Би можело да ве интересира

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско