Бројот на жртви во нападот во Тајланд се зголеми на 30

Од:

Најмалку 30 лица се убиени, а други 58 се ранети во вооружениот напад во трговскиот центар во градот Нахон Ратчасима, во североисточиот дел на Тајланд, јави денеска тајландската Информативна агенција, повикувајќи се податоци од болницата „Махарат“ во Нахон Ратчасима, пренесе Тасс.

Меѓу жртвите има тројца полицајци, тројца војници и старешини, 23 цивили, како и самиот напаѓач.

Претходно денеска тајландскиот премиер Прајут Чан-Оча изјави дека за време на нападот „ биле убиени 27 лица, вклучувајќи го и напаѓачот, а 57 лица се ранети“.

Агенциите потсетуваат дека 32-годишниот војник од тајландската армија – наредникот Чакрапант Тома, вчера прво го застрелал својот претпоставен старешина и две други лица во воениот камп каде бил на служба.

Потоа украл воено возило „ Хамер“ и со него тргнал по улиците низ градот, периодично отворајќи оган врз минувачите. Влегол и во трговски центар, каде се забарикадирал и земал заложници. По повеќе часови опасада, преговори и престрелки, напаѓачаот ноќеска беше убиен од припадници на тајландските специјални сили.

Би можело да ве интересира

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач

ВИДЕО: Русин скокна во смрт од храм на Тајланд

Жена на аеродромот во Бангкок се заглави на подвижна лента, на лице место и отсекоа нога