Бројот на заразени со корoнавирус во светот надмина 16 милиони

Од:

Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 16.056. 133 лица. Од нив починале 644.872, а оздравеле 9.819.403 лица.

– Бројот на заразени со корoнавирусот денеска во светот надмина 16 милиони, покажуваат податоците на веб-страницата на „Worldometers“. Пред само четири дена, во светот имаше милион помалку заразени лица. Најзаразени се уште се САД со 4,2 милиони, Бразил со 2,3 милиона и Индија со 1,3 милиона.

– Во Австрија во последните 24 часа се регистрирани 124 нови случаи на инфекцијата. По четврти пат неделава, бројот на заразени е троцифрен. Во изминатите 24 часа едно лице умрело, со што вкупнио број достигна 712.

-Во изминатите 24 години во Хрватска се потврдени 77 нови случаи на коронавирус, а пет пациенти починале, соопшти денеска Националниот штаб за цивилна заштита. Во моментов во земјата се активни 881 случаи, јавуваат хрватските медиуми. Од почетокот на епидемијата во Хрватска потврдени се 4.792 случаи на коронавирус, 133 лица умреле, а 3.788 лица заздравиле.

-Министерството за здравство на Кипар денеска соопшти дека се регистрирани шест нови случаи на Ковид-19 од 1.682 извршени тестови, со што се зголеми бројот на заразени на 1.053.

– Во Грција се регистрирани 31 нови случаи на Ковид-19 од кои осум се од тестовите извршени на влезните места во земјата. Од почетокот на епидемијата, заразени се 4.166 лица.

-Во текот на изминатиот ден во Косово се регистрирани пет смртни случаи, 237 нови случаи и 139 пациенти третирани со Ковид-19. Според последните официјални податоци на косовските здравствени власти, досега се потврдени 6.917 заразени со новиот коронавирус во земјата, од кои 169 умреле, додека 3.753 се излечиле.

– Во последните 24 часа во Србија се потврдени 411 нови случаи на коронавирус, добиени од 9.349 тестирани примероци, а осум лица умреа, објави веб-страницата „Ковид-19“. Во моментов има 170 пациенти на респиратори.

Вкупниот број на заразени лица од почетокот на епидемијата сега е 23.263, а вкупно умреа 526 лица.

– Според албанското Министерство за здравство и социјална заштита во земјата е регистриран скок на бројот на заразени, а сериозна станува и заканата за потребата на голем број пациенти од болнички третман.

Со последните регистрирани 67 нови случаи, вкупниот број е 4.637, закрепнати се 2.637, а 124 умрени.

– Во последните 24 часа се потврдени 82 нови случаи на коронавирус во Црна Гора од 561 тестирани примероци, соопшти денеска Институтот за јавно здравје.

Не се пријавени смртни случаи од Ковид-19, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на јуни е 34.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски