Бројот на загинати во земјотресот во Авганистан се зголеми на 26 лица

Од:

Бројот на загинати во вчерашниот земјотрес во западниот дел на Авганистан се зголеми на 26 лица, соопшти официјален претставник.

dobivaj vesti na viber

– Пет жени и четири деца се меѓу 26-те загинати во земјотресот, изјави Баз Мохамед Сарвари, портпарол на провинцијата Бадгис, која беше погодена од земјотресот, додавајќи дека уште четири лица се повредени.

Повеќето од жртвите ги загубиле своите животи кога се урнале покривите на нивните куќи во областа Кадис во провинцијата.

Спасувачките служби пристигнаа во некои од погодените области каде, исто така, се регистрирани поројни дождови, но предупредија дека бројот на загинати може да се зголеми бидејќи планинската провинција Багдис, која граничи со Туркменистан, е една од најсиромашните и најмалку развиените во Авганистан.

Мула Џанан Саке, раководител на Центарот за вонредни операции при Министерството за државни работи за вонредни ситуации, го потврди бројот на жртвите и додаде дека повеќе од 700 куќи биле оштетени во земјотресот. Тој истакна дека земјотресот предизвикал штета во областа Мукр, но не е познато дали има загинати.

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот со интензитет од 5,6 степени според Рихтерова скала, бил на длабочина од 30 километри.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Авганистан сака да купува гас и нафта од Русија

Ана Ололовска

Талибанците не дозволија Авганистанки да протестираат поради новата одлука околу бурката

Ана Ололовска

Авганистан: Жените треба да носат бурка на јавни места

Ана Ололовска

Тројца пакистански војници загинаа во прекуграничен напад од Авганистан

Ана Ололовска

Талибанци: Во напад на џамија во северен Авганистан загинаа најмалку 33 лица

А1он

Најмалку единаесет убиени, 32 ранети во експлозија во џамија во Авганистан