Бројот на загинати во невремето во Непал се зголеми на 55 лица

Од:

Бројот на загинати во Непал во разорните поплави и лизгање на земјиштето во последните три дена се зголеми на 55, додека десетици луѓе се повредени и се водат за исчезнати, а илјадници се принудени да ги напуштат своите домови, соопштија властите во Непал.

Десетици илјади луѓе се евакуирани од своите села откако обилните монсунски дождови во последните денови предизвикаа лизгање на земјиштето и поплави низ Непал.

Портпаролот на Владата во Непал, Гокул Банскота изјави дека „невремето причинило и големи економски штети“, за што ќе се направат дополнителни проценки.

И северноисточната индиска држава Ашам е погодена од силни поплави предизвикани од монсунските дождови, кои присилија најмалку 1,5 милиони луѓе да ги напуштат своите домови.

Во соседен Читагонг во Бангладеш евидентирани се десет мртви, речиси половина милион се евакуирани, а најмалку 20 села се поплавени, пренесува Ал Џезира Балкан.

Сезоната на монсуни во Непал, што трае од јули до септември, секоја година предизвикува катастрофални лизгања на земјиштето и поплави, при што страдаат стотици лица.

Би можело да ве интересира

Приведен криумчар на мигранти: Возел мигранти од Непал

А1он

(ВИДЕО) Силен земјотрес во Непал, најмалку 128 мртви: Се тресеше се до Њу Делхи

Катерина Ѓуровски

Силен земјотрес го погоди Непал

Силен земјотрес во Непал

Непал ги заостри правилата поради бројните смртни случаи на Монт Еверест

Ана Ололовска

Планинар кој 10 пати се искачи на Монт Еверест загина на планина во Непал

Ана Ололовска