Бројот на загинати од ракетниот напад врз ТВ кула кај Ривне се искачи на 19

Од:

Се зголемува смртниот биланс од вчерашниот напад извршен од воздух врз телевизиска кула во областа Ривне, во северна Украина.

– За жал, мораме да кажеме дека бројот на жртвите е поголем. Урнатините се уште се расчистуваат, а до 08:30 утринава имаме 19 загинати и деветмина повредени, изјави началникот на воената управа во Ривне, Виталиј Ковал.

Според него, бројката се уште не е конечна. Сепак, тој очекува за неколку часа да завршат работите за отстранување на шут.

Како што беше претходно соопштено, утрото на 14 март, два руски проектили ја погодија ТВ кулата и административната зграда во близина на Ривне.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Украински напад на осум области во Русија: двајца мртви, оштетени трафостаници и рафинерија

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ