Бројот на новозаразени во Европа скокна 44 отсто за една недела

Од:

Бројот на нови случаи на заразени со коронавирусот во Европа се зголеми за 44 отсто за една недела. Голем број држави продолжуваат да ги засилуваат мерките по преминувањето на прагот на 250.000 смртни случаи на пандемијата на Стариот континент. Во светот, од почетокот на пандемијата, заразени се над 40 милиони луѓе, а над седум милиони од нив се забележани во Европа.

Белгија воведува полициски час ноќе за целата земја, баровите и рестораните се затворени. Бројот на хоспитализирани пациенти со Ковид-19 во Белгија се удвои во последните седум дена.

Италија воведе порано затворање – pестораните ќе треба да се затворат најдоцна на полноќ и да соберат најмногу шест лица на маса, а баровите ќе бидат отворени до 18 часот. Мерките не вклучуваат полициски час, како што е воведено во голем број француски градови.

Словенечката Влада прогласи вонредна состојба во траење од 30 дена по наглиот скок на случаи минатата недела. Воведен е и полициски час од 21 до 6 часот наутро.

Полска – веќе 152 општини веќе се црвена зона и има забрана за свадби, крштевки, учење на далечина во училиштата и универзитетите. Полските власти ќе изградат теренска болница на националниот стадион во главниот град Варшава.Таа ќе има 500 кревети за пациенти со Ковид-19. Полјаците масовно ги поддржуваат ограничувањата.

Австрија – Голем број ограничувања се воспоставени од петокот, објави канцеларот Себастијан Курц. „Од петок на полноќ се дозволени собири во затворени простории до 6 лица. Ова значи – 6 возрасни. До 12 лица е дозволено да се собираат надвор. Овие правила важат насекаде, од ресторани до часови по јога, родендени, свадби…

Швајцарија воведува задолжително носење маски на затворени јавни простории и забрана за собирање повеќе од 15 лица.

Црна Гора затвора ресторани и кафулиња во поголемите градови.

– Неколку шпански региони ги заострија ограничувањата поврзани со вирусот во обид да го контролираат вториот бран на инфекцијата, така што градовите Бургос и Аранду де Дуеро ќе бидат затворени од утре вечер за сите патувања, освен за оние што се неопходни. Властите во северниот регион Кастилја и Леон најавија дека од вторник навечер ќе ги затворат градот Бургос и блискиот град Аранду де Дуеро за сите, освен неопходни патувања, откако стапката на инфекција надмина 500 случаи на 100.000 луѓе. Регионот воведе слични ограничувања на градовите Саламанка, Леон и Паленсија минатата недела.

– Во последните денови, Белгија бележи дневно над 10.000 новозаболени со вирусот. Дневниот просечен број на смртни случаи надмина 30, а најголемите жаришта на Ковид-19 сè еуште се Брисел и Валонија. Белгискиот министер за здравство Франк Вандербрук предупреди дека Брисел и Валонија „се приближуваат до цунами“. „Тоа ќе биде ситуација кога веќе нема да можеме да имаме контрола врз она што се случува. „Брисел и Валонија се опасно близу до таква ситуација“, рече Вандербрук. Тој додаде дека ситуацијата во Брисел и Валонија е најтешка во Белгија, а со тоа и „најлоша во цела Европа“.

– Од утре во Букурешт учениците преминуваат на онлајн настава, а носењето маска ќе биде задолжително во затворени простории и на отворено, изјави портпаролот на префектурата Маријана Станку-Ципишка. Таа појасни дека е забранета дејноста на киносалите, театрите и концертните сали, како и на затворените ресторани, освен оние во хотелите и пансионите, кои имаат право да служат само гости во нивните објекти. Мерките, што влегуваат во 20 часот на 20 октомври, ќе важат 14 дена.

Помеѓу март и јуни годинава, во ЕУ се евидентирани 168 000 смртни случаи повеќе во споредба со просекот за истиот период од 2016 до 2019 година, објави денеска Европската агенција за статистика Евростат наведува дека податоците се однесуваат на 26 земји-членки.

Би можело да ве интересира

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

ВИДЕО: Објавени сателитски снимки од движењето на бурата над Европа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Силната бура што ја погоди Европа однесе жртви од Холандија до Италија

Катерина Ѓуровски