Бројот на борци од ЕУ во Ирак и Сирија зголемен на околу 3.000

Од:

Бројот на Европејци кои се борат на страната на исламистичките групи во Сирија и Ирак за само неколку месеци е зголемен за една третина и изнесува околу 3.000 лица, изјави синоќа координаторот на ЕУ за борба против тероризмот, Жил де Кершов.

Според Кершов, можна причина за зголемувањето на бројот на Европејци кои се придружиле на исламистите е прогласувањето на „Калифат“ во Ирак и Сирија од страна на групата Исламска држава во месец јуни.

Кершов нагласи дека според проценките во јуни имало околу 2.000 Европејци што е бореле на страната на исламистите во Ирак и Сирија.

Борците од Европа најчесто доаѓаат од Франција, Велика Британија, Германија, Белгија, Холандија, Шведска и Данска, но има и дел од Шпанија, Италија, Ирска и Австрија.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1